Повторно најтргувана беше акцијата на Комерцијална банка (6,7 милиони денари) со истргувани 2.335 лотови по цена од 2.874,11 денари и учество во вкупниот промет од скоро 32%. Следни на листата по промет беа акциите на НЛБ Банка со промет од 1,2 милиони и Алкалоид 1,2 милиони.
Индексот МБИ10 забележа раст на вредноста од 1,65 отсто и моментално изнесува 2.215,81 индескни поени, додека ОМБ беше без промена.
Најголем поединечен пораст на цената имаше акцијата на Арчелор Митал (РЖЛЕ) од 66,67% со истргувани 305 лотови по цена од 10 денари за една акција. На спротивната страна се најде акцијата на Гранит со пад на вредноста од 0,31% со истргувани 1.170 лотови по цена од 617,33 денари.