29 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПопладне прекин на сообраќајот на делницата Бошков мост-Косоврасти

Попладне прекин на сообраќајот на делницата Бошков мост-Косоврасти

avtopat-obikolnica-soobrakajot

Сообраќајот на патните правци низ државата, со исклучок на патот Маврово-Дебар се одвива без забрани, по претежно суви коловози.

На овој патен правец Бошков мост – Косоврасти, во петок од 12:00 до 16:00 часот сообраќајот ќе биде во прекин поради асфалтирање, а во зависност од потребите ќе бидат пропуштани само приоритетните возила (брза помош, противпожарна и полиција).

АМСМ со предупредување до возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената сообраќајна сигнализација.

Инаку, од 15. ноември на сила стапи законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.март 2017 година.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП