19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономијата на Русија не е загрозена од рецесија

Економијата на Русија не е загрозена од рецесија

rusija4

Економијата на Русија не е загрозена од рецесија, изјави министерот за финансии на Русија, Антон Силуанов во интервјуто за телевизијата Русија 24.

Министерството за економски развој неодамна ја намали прогнозата за раст на бруто домашниот производ (БДП) за оваа година на 2,4 проценти, од претходно проценетите 3,6 проценти. Руската економија ризикува да влезе во рецесија на есен, ако не превземе дополнителни мерки за стимулирање на економскиот раст, изјави минатата недела министерот за економски развој Андреј Белоусов.

Индикаторите за индустриското производство во март оваа година беа подобри од оние кои беа очекувани. БДП, според проценката на министерството, е зголемен за 2,3 проценти во однос на март 2012 година, а за 0,5 проценти во однос на февруари. Последните објавени податоци за март се покажаа прилично оптимистични, изјави Силуанов и додаде дека темпото на раст на руската економија нема да забави, туку постепено ќе се забрза.

Тој објасни дека прогнозата за раст на економијата е намалена поради падот на глобалната побарувачка, како и поради намалените прогнози  за темпото на раст на инвестициите. Слични процеси се случуваат во целата светска економија, а владата ќе подготви предлози за стимулирање на економскиот раст и за спречување на забрзаниот пад на економијата, најави Силуанов.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП