27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛекарите си препишувале и по 100 рецепти за себе

Лекарите си препишувале и по 100 рецепти за себе

doktori-6

Околу 100 доктори си препишувале и по сто рецепти годишно, произлегува од анализата на податоците од Националниот систем за електронски евиденции во здравството „МојТермин“, утврди Управата за електронски евиденции во здравството по реакциите на Здружението на матични лекари за неможноста матичните доктори самите на себе да креираат упати и рецепти.

Управата утврдила дека еден гинеколог си препишал самиот на себе 182 рецепти за една година, од кои 45 се антибиотици.

„Ова е очигледен пример дека станува збор за злоупотреба на системот и на овластувањата од некои од докторите со што директно се оштетува и Фондот за здравствено осигурување на Македонија, но и пациентите. Доколку некој нереално си препишува антибиотици или било кои други лекови и ги подигнува на товар на ФЗОМ, а тие лекови реално не му се потребни, тогаш некој кому тие лекови му се потребни ќе остане без неопходната терапија“, се вели во соопштението

Од Управата посочуваат дека дополнително утврдиле и десетици случаи на матични доктори од целата држава кои си креирале над 110 рецепти самите на себе за една година, или во просек секој од нив на себе си препишал по 136 рецепти во текот на една година.

Кај околу 100 матични доктори, е констатирано дека самите на себе си препишувале во просек по 72 рецепти на годишно ниво.

Имајки ги предвид реакциите и дискусиите во јавноста, а со цел сузбивање на оваа појава и превенирање на евентуални злоупотреби, Управата одлучи да спроведе системска мерка со која ќе се оневозможи само на оние доктори кои го злоупотребувале системот, да си креираат упати и рецепти самите на себе како матични пациенти. Управата ги прифати аргументите дека заради неодговорни поединци не треба да бидат казнети сите доктори кои совесно и законски си ја вршат својата дејност. Управата за овој случај ќе ја информира Лекарската комора на Македонија и Етичката комисија при Лекарската комора, стои во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП