12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПроектот Спортот и семејните вредности промовиран во Македонски Брод

Проектот Спортот и семејните вредности промовиран во Македонски Брод

sala-brod

По Скопје, Прилеп, Штип, Василево, Кочани и Кратово, Македонски Брод во четвртокот беше седмата општина во која мина Караванот на АМС и Сојузот на спортски федерации на Македонија за промоција на проектот „Спортот и семејните вредности“, чијашто основна намена е да се промовира спортот преку семејните вредности и да се стимулираат граѓаните преку спортот и спортските активности, да се дружат повеќе меѓусебно и да се зајакнат врските во семејството.

Во спортската сала во Основното училиште „Свети Климент Охридски” се собраа мноштво дечињата, кои заедно со нивните родители другаруваа и се натпреваруваа во дисциплините штафета, балансирање со топка, „здрвен дедо”, игра на прецизност, ракомет, фудбал и други забавни игри.

Настанот го отвори директорот на АМС, Марјан Спасески кој изрази задоволство од масовноста и од подготвеноста на посетителите да спортуваат и низ заедничка дружба да ги промовираат спортските принципи.

„Она што е многу битно во овој динамичен начин на живот каде најчеста појава е отуѓеноста во самите семејства еден од најдобрите настани кои можеме да ги приуштиме е спортот и дружбата. Верувам дека со реализацијата на овој проект ќе ја постигнеме целта а истовремено младите луѓе ќе ги стимулираме да се занимаваат со спорт и спортски активности. Денеска нема да има победници и победени, денес ќе победи дружбата“, реке директорот на АМС, Марјан Спасески.

Првиот човек на Македонски Брод, градоначалникот Војнески се заблагодари на Агенцијата за млади и спорт што го одбрале токму Македонски Брод како дестинација за реализација на овој благороден проект, со кој како што рече ќе се придонесе за создавање на стабилни и силни врски помеѓу родителите и децата. Спортот ја имаа таа моќ, да ги зближува луѓето и ваквите проекти се добредојдени секогаш.

Овој настан ќе продолжи да се имплементира и во останатите општини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП