28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија: Италија да продолжи со реформите

Германија: Италија да продолжи со реформите

italija1

Италија мора да продолжи со напорите за консолидирање на буџетот и достигнување на долгорочен раст, изјави портпаролот на германската канцеларка Ангела Меркел, Штефен Зајберт.

Германија ја следи целокупната ситацијата во Италија, ние сметаме дека за да се зајакне италијанската економија, потребни се неколку корекции на буџетот, намалување на буџетскиот дефицит и продолжување со реформите, изјави Зајберт.

Според неговите зборови, канцеларката изразила „целосна почит“ за Џорџ Наполитано пред неговата заклетва, со која по втор пат ќе ја превземе функцијата за претседател на државата, пренесува агенцијата Франс Прес.

Зајберт изјави дека германската влада го прати развојот на ситуацијата од февруарските избори во Италија, кои не донесоа победник.

Меѓутоа, на изненадувачки начин, водечките партии во саботата го повикаа Наполитано да остане на функцијата претседател, а тој се согласи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП