19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе асфалтират велопатеките од Рутата 2

Се асфалтират велопатеките од Рутата 2

se-asfaltiraat-pateki-od-ruta-2-696x462

Велопатеките по должината на булеварот Јане Сандански се асфалтират во четврток, а интензивно се работи и на изградба на велосипедските патеки по должината на булеварот Партизански одреди, во делот на Буњаковец и кај Порта Влае.

Рутата 2 од проектот „СКОПЈЕ ВЕЛОГРАД 2017“ е со вкупна должина од 11 километри и ќе ги поврзе општина Аеродром, преку општините Центар и Карпош, до општина Ѓорче Петров. Таа ги опфаќа булеварите Февруарски поход, Видое Смилевски Бато, Јане Сандански и Кузман Јосифовски Питу, Кеј 13 Ноември, плоштадот „Македонија“, булеварот ВМРО и булеварот Партизански одреди до Порта Влае.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП