2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХрватска: Државата на младите двојки ќе им плаќа половина рата за стан

Хрватска: Државата на младите двојки ќе им плаќа половина рата за стан

istrazili-smo-kako-se-krecu-cijene-stanova-i-kuca-u-hrvatskoj-stan23-3247

Хрватска, откако го укина олеснувањето при купување прв стан, ќе воведе нова олеснителна околност за младите семејства кои сакаат да го решат станбеното прашање.

Според изјавата на хрватскиот министер за финансии, ќе има компензација. Државата ќе субвенционира дел од каматата за првиот стан во период од четири години.

„Го исполнуваме ветувањето дадено за време на од кампањата“, вели министерот за градежништво Ловро Кушчевиќ, додавајќи дека најважната повластица подразбира дека субвенцијата за рата на кредит ќе изнесува до 50 проценти, и тоа за одередн број години, а најмалку четири. На ова може да сметаат граѓани со возраст до 45 години.

„Доколку ратата на кредитот изнесува 2.000 куни, државата ќе му дава 1.000 куни месечно во рок од најмалку четири години,“ рече Кушчевиќ.

Бројот на субвенционирани години може да се продолжи ако во меѓувреме дојде до проширување на семејството – за секое дете ќе се продолжува за две години.

Дражавата, исто така, ќе субвенционира и купување на поголем стан ако семејството се проширило во меѓувреме.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП