2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОбјавен јавен повик за изградба на 150 типизирани игралишта за баскет

Објавен јавен повик за изградба на 150 типизирани игралишта за баскет

basket333

Агенцијата за млади и спорт, во среда, објави повик за избор на изведувач за изградба на 150 игралишта за street basket. Согласно проектот, Агенцијата за млади и спорт во наредниот период ќе започне со изградба на 150 типизирани игралишта за баскет во Македонија.

Терените за баскет игралиштата ќе бидат со правоаголна форма со димензии 18.10 метри / 19.10 метри. Подлогата на терените ќе биде од еколошки материјал со висока отпорност на абење од абразија и отпорна на различни временски услови и УВ зраци.
На игралиштата ќе има две врати за влез и излез, поставени едни спроти други на два спротивни краја со заштитна ограда во висина од четири метри позади кошевите, додека на останатите три страни предвидено е оградата да биде висока два метри. Во делот околу заштитната ограда со мрежа ќе има обиколна патека од павер елементи.

Игралиштата за баскет ќе бидат опремени со сите пропратни елементи како клупи за одмор, корпи за отпадоци, еден кош за игра, осветлување и сѐ што е потребно за нормално одвивање на спортско рекреативните активности. Терените ќе бидат целосно опремени со целокупната опрема и реквизити за играње.

Како новина на овие баскет игралишта ќе биде инсталиран повеќенаменски спортски семафор за одбележување на резултатот и мерење на времето на игра. Како дополнителна содржина ќе бидат поставени еден пар мали голови за фудбал каде ќе може се користат за игра на деца во време кога нема да се игра баскет на игралиштата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП