25 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија има заработено над 6 милијарди долари од преговорите со ОПЕК

Русија има заработено над 6 милијарди долари од преговорите со ОПЕК

opec_russia_2

Одлуката на Русија од почетокот на оваа година да се вклучи во разговорите на ОПЕК (Организацијата на земјите извознички на нафта) за ограничување на производството на нафта го има зголемено буџетот на земјата со барем 400 милијарди рубљи (6 милијарди долари), пишува „Bloomberg“, повикувајќи се на запознаени извори.

Можноста Русија да соработува со ОПЕК, за да го намали вишокот на понудата на нафта на глобалните пазари, помогнаа цените да се зголемат од 27 долари во јануари до просек 44 долари за годината.

Овој раст, комбиниран со зголемените приноси во земјата, доведе до раст на државните приходи со меѓу 400 и 700 милијарди рубљи, велат официјални лица, кои побарале анонимност, бидејќи податоците се уште не се јавни.

Оценките го покажуваат стимулот на Русија – најголемиот енергетски извозник во светот, да води разговори со други производители, дури откако првичните преговори за намалување на приносите во април пропаднаа. Оваа иницијатива ги одврати инвеститорите во суровини да се тестира колку ниски може да станат цените преку шпекулативна кратка продажба, тврди министерот за енергија Александар Новак.

Во тек е вториот круг преговори, а конечниот договор за намалување на приносите треба да биде финализиран на 30-ти ноември во Виена.

Околу 40% од приходите на руската влада доаѓаат од продажбата на нафта и гас. Протокот на „петродолари“ силно се намали, откако цената на суровината се распадна до 12-годишен минимум во првиот месец од годината. Во позадина на втората година рецесија, буџетскиот дефицит на земјата се искачи на највисокото ниво по шест години. Ова ја натера Москва да искористи од резервните фондови и да привлече пари преку продажба на средства.

Повисоките цени директно водат до приходи за буџетот, најмногу поради зголемувањето на даночните стапки, кога нафтата поскапува, и намалувањето кога суровина поевтинува. Во некои случаи 90 центи од секој долар дополнителен раст на цените на нафтата одат кон буџетот наместо кон самите производители.

Русија добила 2,7 илјади милијарди рубљи од митот за извоз на сурова нафта и данокот на производството на нафта – основните енергетски давачки кои имаат обезбедено 26% од сите буџетски приходи од јануари до октомври оваа година, покажуваат податоците на Министерството за финансии. Поради повисоките цени на нафтата месечните приходи надминуваат 300 милијарди рубљи од јуни, наспроти 185 милијарди рубљи во февруари, покажуваат пресметките на „Bloomberg“.

Руското производство достигна месечен рекорд од 11,2 милиони барели на ден во текот на минатиот месец во споредба со 10,9 милиони барели на ден во јануари. Енергетскиот министер Новак изјави дека Русија е подготвена да ја ограничи понудата, ако ОПЕК овој месец ја финализира зделката, но претпочита да ги замрзне приносите на сегашните нивоа, наместо да ги намалува.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП