4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCisco прогнозира помала добивка од очекуваната

Cisco прогнозира помала добивка од очекуваната

File photo of a visitor walking past a Cisco advertising panel at the Mobile World Congress in Barcelona

„Cisco Systems“ прогнозира приспособениот профит за тековното тримесечје да е под очекувањата на аналитичарите, откако традиционалниот бизнис на компанијата со прекинувачи и рутери продолжува да се бори со слабата побарувачка, пренесува „Ројтерс“.

Акциите на најголемиот светски производител на мрежна опрема ја намалија својата вредност за повеќе од 4 отсто за време на берзанската трговија.

„Cisco“ се залага за бизнис со предлози за безбедност и безжични мрежи, за да ја компензира слобостта на клучната единица која се соочува со голема конкуренција од страна на компании, како „Juniper Networks“ и кинеската „Huawei“.

Поновите потфати на компанијата немаат предвид за доволно брз раст, за да се справат со падовите на основната единица.

Приходите на „Cisco“ од бизнисот со прекинувачи се намали за 7% до 3,72 милијарди долари во првото фискално тромесечје, кое заврши на 29-ти октомври.

Падот веројатно ќе трае неколку квартали, тврди аналитичарот на „Needham“, Алекс Хендерсон.

Од „Cisco“ изјавија дека очекуваат приспособен профит од 55-57 центи по акција за вториот квартал, што е под очекуваните од аналитичарите 58 центи по акција, според „Thomson Reuters I/B/E/S“.

„Cisco“ има 71 милијарди долари во готово и инвестиции на крајот на првиот квартал, вклучувајќи и 10,4 милијарди долари во САД.

Компанијата, која во август соопшти дека ќе отпушти околу 5.500 вработени, запиша 411 милиони долари за реструктуирање пред даноци.

Нето добивката на „Cisco“ е намалена за 4,4% до 2,32 милијарди долари, додека приходите се намалиле за 2,6% до 12,35 милијарди долари. Откако ќе се исклучат некои елементи, компанијата добила по 61 центи по акција.

Просечната прогноза на аналитичарите беше за приспособен профит од 59 центи по акција при приходи од 12,33 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП