3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААзиските берзи: Најголем пад на доларот во последните 13,5 години

Азиските берзи: Најголем пад на доларот во последните 13,5 години

A man walks by an electronic stock board of a securities firm in Tokyo, Monday, Jan. 27, 2014. Asian stock markets tumbled Monday as investors factored in the possibility of slowing growth in China and a further reduction in U.S. central bank stimulus. Japan's Nikkei 225 sank 2.6 percent to 14,993.89 as investors sought out havens such as the Japanese yen, causing it to rise against the dollar which is negative for export stocks. (AP Photo/Koji Sasahara)

На азиските берзи, акциите втор ден по ред бележат благо покачување како доказ на престанокот на придонесите на обврзниците, додека вредноста на доларот се лизна од највисокото ниво во последните 13 ипол години.

На берзата во Токио Nikkei индексот во 7,00 часот беше во минус за 0,2 отсто, а благо паднаа и цените на акциите во Хонг Конг и Јужна Кореа.

Берзанските индекси во Австралија, Сингапур и Шангај пораснаа меѓу 0,1 и 0,2 отсто, па така MSCI индекс на азиско-пацифичките акции, без јапонските, во 7,00 часот беше во плус за 0,2 отсто.

И покрај растот во последните два дена, тој индекс и понатака е во пад од почетокот на неделата за 1 отсто, како резултат на стравувањата на инвеститорите за одлив на капитал од регионот.

Поради најавената политика на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, се очекува да се зајакне инфлацијата, и на тој начин да се забрза темпото на зголемување на основната каматна стапка на централната банка на САД.

Во последните неколку дена на пазарите се смирија и приносот на обврзниците на стоки паднаа. Откако во понеделникот достигна 2,30 отсто, на највисоко ниво за 11 месеци, ова утро, приносот на 10-годишниоте американски обврзници падна на 2,19 проценти, што придонесе смирување кај вложувачите на берзите.

И на девизните пазари доларот утрово бележи пад, откако вчера неговата вредност во однос на кошница на валути достигна највисоко ниво од 2003 година.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на САД во однос со шесте големи светски валути, е околу 100,27 поени, додека минатата ноќ достигна 100,57 поени.

На девизниот курс на доларот во однос на јапонската валута се движи околу 109,05 јени, откако вчера достигна 109,76 јени, што е највисоко ниво за пет месеци.

Курсот на еврото се движи околу 1,0695 долари, недалеку од 1,0666 долари, што е најниско ниво за 11 месеци, во кои падна минатата ноќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП