Министерот за економија Ваљон Сарачини денеска ќе одржи средба со новинарите во врска со обуките за поддршка при вработување на младите – стратегии за барање работа.
Целта на овие обуки, што ќе се реализираат во соработка со високообразовните институции, е стекнување практични знаења и вештини за вербална, невербална и писмена комуникација и оспособување на практикантите за полесно вклучување во новата работна средина.