Продажбата на нови автомобили во Европа во октомври опадна за прав пат од закрепнувањето во тој сектор од рецесијата, најдолго од кога постои авто-идустријата.
Здружението на производители на автомобили во Европа (ACEA) во четврток објавија дека во октомври продажбата на автомобили се намалила за 0,02 отсто, на 1,1 милион автомобили. Тоа е првиот октомвриски пад на продажбата од 2012 година, кога во тоа време постоеше шест годишна рецесија во тој сектор.
Продажбата најмногу е намалена за двата наголеми пазари: за 5,6 отсто во Германија и за 4 отсто во Франција.
Подем од скоро 10 отсто во продажбата се бележи во Италија, во Шпанија за четири отсто, додека, пак, во Велика Британија за 1,4 отсто.
Меѓу најголемите производители на автомобили , само кај “Fiat Chrysler” има пораст во продажбата од седум отсто, додека “Renault”, “PSA Peugeot” и “VW Volkswagen” бележат пад во својата продажба.
Помеѓу производителите на луксузни автомобили “BMW” и “Daimler” (Mercedes) имаа пораст на продажбата.