19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтапката на невработеност во Франција порасна на 9,7 проценти

Стапката на невработеност во Франција порасна на 9,7 проценти

francijakrizafrance

Стапката на невработеност во Франција порасна за 0,1 процентни поени на 9,7 проценти во третиот квартал, по значителниот пад на средината на годината, соопшти денес Канцеларијата за статистика, ИНСЕЕ.

Во однос на истиот период минатата година, стапката на невработеност е помала за 0,4 проценти поени, наведува INSEE во соопштението, додавајќи дека во континенталниот дел на Франција имало 2,8 милиони невработени во периодот од јули до крајот на септември оваа година, пренесува агенцијата АФП.

На ниво на цела Франција, вклучувајќи ги и нејзините странски жители, невработеноста во третиот квартал изнесувала 10 проценти.

Најновите официјални податоци за невработноста се последните во пресрет на очекуваната објава на претседателот Франсоа Оланд дали ќе се кандидира за реизбор на претседателските избори следната година.

Како што наведува АФП, исклучително непопуларниот лидер на социјалистите го освои претседателскиот мандат со ветувањата дека „убедливо“ ќе ја намали невработеноста.

Кога тој стапи на должност во мај 2012 година, невработеноста изнесуваше 9,3 проценти во континентална Франција и 9,7 процени на ниво на целата земја.

Се очекува дека Оланд ќе ја објави својата одлука за кандидатурата до 15 декември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП