11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрвата национална дигитална валута во светот ќе пристигне од Шведска?

Првата национална дигитална валута во светот ќе пристигне од Шведска?

svedska-banka333

Централната банка на Шведска, „Riksbank“ најави дека ќе ја испита можноста на проект за создавање на дигитална валута во позадина на намалената употреба на традиционалните банкноти и монети во земјата, пренесува „Reuters“.

„Во „Riksbank“ не можат да чекаат повеќе за истражување на можноста за издавање на електронска круна (е-круна)“, изјави заменик-гувернерот на банката Сесилија Скингсли.

„Побарувачката на готовина од пошироката јавност е намалена од 97 милијарди круни (10,5 милијарди долари) во 2007-ма година до околу 61 милијарди круни денес“, рече таа на конференција за компании кои нудат технологија за финансиски услуги.

Со оваа иницијатива „Riksbank“ може да стане првата во светот централна банка која пуштила сопствена виртуелна валута, забележуваат агенциите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП