ПочетнаЕКОНОМИЈАРуските санкции погубни за италијанската економија

Руските санкции погубни за италијанската економија

banka italija

Одговорот на Москва на санкциите на ЕУ силно ја погоди италијанската економија, изјави член на италијанскиот парламент од движењето „Пет ѕвезди“, Паола Каринели.

„Загубивме речиси седум милијарди евра од почетокот на санкциите. Бројот на изгубени работни места би можел да достигне 200.000. Апелираме постојано италијанската Влада да ги укине санкциите за Русија, но таа останува глува за нашите барања , изјави таа.

Италијанскиот сенатор Вито Петрочели смета дека воведувањето на санкции уште од почетокот било лоша одлука.

„Санкциите се спротивни на правилата и интересите на италијанските компании и од нив немаме апсолутно никаква корист“, изјави Петрочели, кој е колега на Каринели.

Движењето „Пет ѕвезди“ е трета по сила партија во италијанскиот Парламент и има 54 мандати, пренесува РТ.

Италијанскиот премиер Матео Ренци на самитот на ЕУ во октомври ги критикуваше санкциите против Русија и се спротивстави на нивното продолжување и заострување.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП