22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕК: Буџетите на осум членки на еврозоната ризикуваат кршење на правилата

ЕК: Буџетите на осум членки на еврозоната ризикуваат кршење на правилата

ek309

Европската комисија предупреди денес дека нацрт-буџетите на Италија и уште седум други земји членки на еврозоната ризикуваат да ги прекршат прописите на Европската унија.

„Нацрт буџетите на Италија, Шпанија, Португалија, Белгија, Кипар, Литванија, Словенија и Финска, носат ризик од неусогласеност со барањата за 2017 година“, се наведува во соопштението на Комисијата.

„Забавениот економски раст и зголемената неизвесност поради Брегзит и изборите во САД ги загрозуваат европските економии“, соопшти комисијата.

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер изјави дека оние кои поседуваат доволно средства треба да интервенираат повеќе, додека оние кои имаат помал фискален простор треба да ги следат реформите и фискалната консолидација која е пријателски настроена кон економскиот раст, пренесува агенцијата АП.

Според прописите на ЕУ, членките мораат да го држат буџетскиот дефицит на ниво или под границата од 3,0 проценти од бруто домашниот производ (БДП).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП