Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone
Инвестициските фондови обезбедуваат профитабилност, сигурност и ликвидност
Грижата за сопствената и иднината на нашето семејство е еден од врвните приоритети на секој поединец. Ние сме овде да го најдеме најсоодветното решение кое ќе ги задоволи потребите на нашите клиенти, независно од инвестицискиот преференции и класите на финансиски инструменти.
Предностите на инвестициските фондови се професионалното управување на средствата со акцент на основните начела на профитабилност, сигурност и ликвидност. Преку вложување во инвестициски фондови парите се доверуваат на искусни фонд менаџери кои ги вложуваат на домашниот и меѓународниот пазар на капитал. Преку различните инвестициски фондови се има поголема можност за избор кои ги задоволуваат различните потреби т.е. инвестициски стратегии.
Вложувањата во инвестициските фондови може да бидат еднократно, но може да бидат и месечни. Она што е особено важно да се напомене е дека за вложување не се потребни огромни средства.
Инвестициските фондови се едни од најрегулираните финансиски институции генерално земено. Во Македонија поради интегративните процеси кои ги води државата, законодавството во тој дел е скоро изедначено со законодавството во ЕУ. Помеѓу инвеститорите и фондовите се наоѓа и депозитарната банка која за потребите на фондот врши работи на чување на имотот на фондот.
Депозитарната банка на инвестицискиот фонд ги чува средствата на инвестицискиот фонд и контролира дали инвестицискиот фонд располага со средствата на фондот во согласност со законот и со статутот на фондот.
Целата индустрија кај нас е релативно млада, постои помалку од десет години. Навиката за инвестирање е сеуште мала во споредба со традиционалното штедење, но бројките укажуваат на постепено континуирано зголемен на интерес за инвестирање. Луѓето се повеќе ја прифаќаат долгорочноста во насока на креирање одредена заштеда за подолг временски период притоа користејќи ги предностите од вложувањето во пазарот на капитал.
Денес преку континуирани месечни уплати може да се направи план за вложување.
Процесот на инвестирање е многу едноставен. Најпрвен на клиентот му се отвора сметка во фондот во кој што сака да инвестира. Се утврдува дали ќе уплаќа еднократно или континуирано во одреден временски период. Дополнително му се даваат инструкции за уплата на сметката на фондот во банката чувар на имотот. По извршената уплата на паричните средсва клиентот се стекнува со удели. Уделите имаат пресметковна вредност преку која се изразува промената на цената.
Нема простор за паралела. Во странство нивото на културата на вложување е далеку повисоко во однос на тоа што го имаме како ниво во Македонија. Кај нас сеуште е премногу присутен традиционалниот начин на однос кон заштедите. Луѓето сеуште тешко ги идентификуаат предностите од вложувањето во фондови.
Јас повеќе би рекол дали е подобро да се вложи во паричен или акциски фонд.
Се зависи од целта која сакаме да ја постигнеме. Поголем принос се остварува преку вложување во акциски фондови и тоа на подолг времениски рок. Повеќе од пет години.
Додека сите оние пари кои би ни биле потребни во период од неколку месеци подобро да се вложат во паричен фонд. На тој начин ќе се исклучи можноста за корекција на вредноста.
Паричниот фонд КД Кеш депозит е финансиски продукт кој се карактеризира со конзервативна политика на вложување. Согласно структурата на вложување на паричниот фонд кој го управуваме, најголемиот дел од средства се пласирани во банкарски депозити. Тоа на некој начин ги прави еквивалент на банкарските депозити.
Со пласирање на средства во паричен фонд се остварува постојан и стабилен дневен пораст на средствата. Овој фонд е наменети за управување со обртните парични средства, оние пари кои ги имаме на сметка, не ни се вишок т.е. ни требаат за идни обврски кои доспеваат во рок од неколку дена или недели.
Начинот на функционирање овозможува достапност до вложените средства во секое време, како и принос кој се припишува на дневно ниво и е значајно повисок од приносот на средствата чувани на трансакциска сметка. Поради овие карактеристики се најсоодветно место за парите во рок до една година.
Средствата во фондот се уплаќаат и исплаќаат без ограничување. Тие им се достапни на инвеститорите во било кое време. Во секој момент кога ќе им бидат потребни, инвеститорите поднесуваат барање за исплата и клиентот во рок од еден работен ден ги има парите на сметка без било какви ограничувања.
Инвестициските фондови се наменети подеднакво и за физички и за правни лица.
Паричните фондови се пред се наменети за вложување на средтсва за рок пократок од една година, додека, со оглед на инвестициските цели и политика, акциските фондовите првенствено се наменети за вложувачи со среднорочен или долгорочен вложувачки хоризонт и умерен степен на толеранција кон ризикот, кои сакаат да постигнат специфични инвестициски цели, диверзифицирајќи го своето портфолио на глобално ниво преку вложувања во големи, добро етаблирани компании кои се лидери во соодветните индустрии и зад себе имаат константна или растечка историја на исплата на дивиденда кон инвеститорите.
КД Фондови во моментот управува со 4 инвестициски фондови, најмногу во Македонија. Сите тие се карактеризираат со различни портфолија на вложување. Тоа значи дека преку комбинирање на тие фондови, можеме да се искреира структура на вложување за секаков профил на инвеститор.
ИТ експерт со огромно работно искуство како во јавниот, така и во приватниот ИТ сектор во Словенија. Во 2007 година, г. Сајовиц основа сопствена комапнија…
Денар:Каков е предизвикот да се работи во ваква реномирана козметичка шведска компанија? – Орифлеим е без двоумење најдобрата компанија за која сум работел во својата…
Денар: Високиот квалитет, модерниот дизајн, удобноста и трајноста се синоними кога станува збор за Пункт Мебел? Колку време ви требаше за да дојдете до таа…
Денар: г-ѓа Каровска, која е основата дејност на Каровска ДООЕЛ, кои услуги ги нудите? -Каровска ДООЕЛ е Друштво за економско сметководствени услуги и даночно советување…
Помладите со мал износ можат да заштедат значајна сума за нивните пензионерски денови “Финансиската култура и планирањето на финансиите на нашите граѓани сѐ уште не…
“Единствените граници со кои треба да се справиме се оние во нашиот ум!” Денар:Ве молиме кажете ни нешто за себе и за почетоците на вашата…
Денар: Поводот за ова интервју е Меѓународниот ден на квалитет, кој секоја година се одбележува во месец ноември. Во оваа насока, што сѐ презема Битолска…
Секогаш се трудиме да ги надминеме потребите и очекувањата на нашите потрошувачи! Денар: Зошто Рамсторе е прв избор на потрошувачите? За време на нашето дванаесетгодишно…
Денар: Како ја оценувате макроекономската состојба во Македонија? Макроекономската состојба во Македонија во првата половина на 2017-та година во голема мера беше под влијание на политичката…
Илирика како врвна финансиска институција нуди високо ниво на инвестициски услуги кои покрај разните предизвици секогаш е доследна во своите стратегии кои резултираат со долгорочни…