24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНапладне во прекин сообраќајот на патниот правец Маврово – Дебар

Напладне во прекин сообраќајот на патниот правец Маврово – Дебар

mavrovo-debar-2-696x385

На патниот правец Маврово – Дебар Р-1202 (Бошков мост – Косоврасти) поради асфалтирање на патот денес (четврток) 17.11.2016 год. од 12.00 до 16.00 часот сообраќајот ќе биде во прекин, а во зависност од потребите ќе бидат пропуштани само приоритетните возила (брза помош,противпожарна и полиција).

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по претежно суви коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно низ клисурите, каде постои можност за појава на одрони кои наместа може да го попречат движењето на возачите.

Од 15-ти Ноември на сила ќе стапи законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 Март 2017 година.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП