21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕуфорија на македонската берза

Еуфорија на македонската берза

berza

Четврти трговски ден во серија како индексот МБИ10 расте. Во средата порасна за 1,41 отсто и моментално изнесува 2.179,79 индексни поени.

Прометот изнесуваше 13,8 милиони денари, а се реализираа 123 трансакции. Се тргуваше со 20 хартии од вредност од кои 16 ја зголемија вредноста, две ја намалија и две хартии останаа без промена на цената.

Убедливо најтргувана беше акцијата на Комерцијална банка со промет од 5 милиони денари и истргувани 1.807 лотови по цена од 2.818,15 денари. По неа според прометот следеа акциита на Алкалоид (1,7 милиони денари), НЛБ банка (1,5 милиони) и приоритетните акции на Скопски пазар (1,07 милиони)

Најголем поединечен пораст на цената остварија приоритетните акции на Стопанска банка АД Скопје (19,97%), обичните акции на Хотели Метропол (14,94%), Аутомакедонија (10,74%), Стопанска банка АД Скопје (9,94%), Уни банка (9,92%), РЖ Услуги (9,73%), Макстил (8,12%)…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП