6 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАМонографија за сликарството на Павле Кузмановски

Монографија за сликарството на Павле Кузмановски

9e9e7cd4539d4343a1f3b8c45da83bf5

Монографијата за сликарството на Павле Кузманоски ќе биде промовирана денес вечер во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ од Скопје.

На уводните страници од монографијата, застапен е текст од Ефтим Клетников, во кој писателот студиозно го анализира значајното и обемно дело на познатиот уметник.

По повод промоцијата на Монографијата, во оваа пригода сликарот ќе се претстави со дваесет и шест слики и цртежи создадени во изминативе неколку години.

За монографското издание и за сликарството на Кузмановски ќе говори Ѓорѓи Филипов.

Павле Кузманоски (Тетово, 1939) училиште за применета уметност завршил во Скопје, а дипломирал на Академијата за ликовна уметност во Белград. Учествувал на двесте и педесет групни изложби, а самостојно се претставил во Тетово, Гостивар, Скопје, Нови Сад, Сараево, Делчево, Охрид, Будва, Кичево, Струмица, Штип, Неготино, Берлин, Нирнберг, Њујорк, Виена, Гевгелија, Белград, Софија, Панчево, Истанбул, Битола, Струмица, Гевгелија, Прилеп, Ново Село, Кавадарци и Будва.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП