13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРедок небесно син дијамант продаден за над 17 млн долари

Редок небесно син дијамант продаден за над 17 млн долари

dijamant-prsten-sin-696x435

Редок дијамант со синонебесна боја е продаден во средата вечерта во Женева за 17,1 милиони долари, сепак без да ja надмине рекорд според цената, соопшти организаторот на наддавањето аукциската куќа Sotheby’s.

Аукцијата се одржуваше под насловот „Прекрасни благородни драгоцености“. Според првичните процени, за 342 примероци аукциската куќа добила околу 100 милиони долари.

Најскап експонат станал прстенот на дизајнерската компанија за скапоцености „Cartier“, со редок дијамант со сина боја со тежина од 8,1 карати наречен „Небесно синиот дијамант“.

За него експертите на Sotheby’s проценуваа да постигнат цена меѓу 15 и 25 милини долари. Сепак, прстенот беше продаден на крајот од наддавањето за „само“ 17,1 милиони долари.

Минатата година Sotheby’s исто така го понуди на продажба реткиот син дијамант наречен „Сината месечина на Жозефина“, кој беше продаден за рекордни 48,5 милиони долари за милионер од Хонгконг. Тој ја купи оваа скапоценост за својата седумгодишна ќеркичка.

За 3,61 милиони долари, без пресметаните надоместоци на аукциската куќа, во средата беше продаден и прстен, исто така, на „Cartier“ со дијамант и редок бурмански рубин од 8,37 карати. За овој експонат се очекуваше да се постигне цена до 3 милиони долари.

На истата аукција беше продаден за 18,35 милиони долари прстен со дијамант со полна розова боја од 17,07 карати, кој досега бил сопственост на приватен колекционер. Идентитетите на новите сопственици на споменатите драгоцености не се наведени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП