9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПолскиот парламент ја снижи возраста за пензионирање

Полскиот парламент ја снижи возраста за пензионирање

poland-emeryci-jamnik

Долниот дом на полскиот парламент ја намали во средата возраста за заминување во пензија, а економистите велат дека тој потег ќе го зголеми буџетскиот дефицит и ќе го забави економскиот раст.

Намалувањето на возраста за пензионирање на 60 години за жените и на 65 години за мажите беше главното предизборно ветување на владејачката конзервативна партија Право и справедливост (PiS) и нејзиниот сојузник претседателот Анджеј Дуда, и во полската јавност е многу популарно.

Меѓутоа, економистите и опозицијата ја критикуваат мерката како прескапа и велат дека е спротивна на европскиот тренд за покачување на возраста за заминување во пензија, имајќи предвид дека населението на континентот е сé постаро.

„Моравме да го исполниме ветувањето… Решававме проблеми на обичните Полјаци, а не на елитата“, порача премиерката Беата Шидло.,

Претходната центристичка влада на Полска ја покачи возраста за заминување во пензија, за да го намали притисокот врз буџетот, постапно кревајќи ја возраста на 67 година и за жените и за мажите до 2020, односно до 2040 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП