2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСекое четврто дете во ЕУ загрозено од бедата

Секое четврто дете во ЕУ загрозено од бедата

image-24

Секое четврто дете во Европската унија, или вкупно 25 милиони деца, се изложени на опасноста од сиромаштијата или од исклученост од општеството, објави во средата европското биро за статистика Eurostat.

Романија и Бугарија најлошо стојат според овој показател меѓу 28-те земји членки на Европската унија, со 46,8, односно 43,7 отсто деца во ризичната група, додека најдобри се скандинавските земји.

Станува збор за деца кои живеат во семејства со најмалку една од следните карактеристики: да не ги задоволуваат најосновните потреби, да се материјално супстандардни и нивните родители ретко или воопшто да не работат.

Најновите податоци се малку подобри од оние во 2010 година, кога 25.957 милиони, или 27,5 отсто деца се соочувале со овие тешкотии, наведува Eurostat.

По Романија и Бугарија, следат Грција, Унгарија, Шпанија, Италија, Литванија, Латвија и Велика Британија.

На врвот од листата се Шведска со 14 отсто, Финска со 14,9 отсто и Данска со 15,7отсто, се наведува во извештајот на Eurostat.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП