18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамалена вредноста на договорените и извршени градежни работи во странство

Намалена вредноста на договорените и извршени градежни работи во странство

gradeznistvo 2929

Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари-септември 2016 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 2.669.372 илјади денари, што е за 27,2 отсто помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Во наведениот период градежната оператива од Република Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 1.955.970 илјади денари, што е за 8,4 отсто помалку во споредба со истиот период од лани.

Во истиот период е забележан зголемен обем на извршени градежни работи во Словенија, Босна и Херцеговина и Германија.

Податоците се дадени врз база на паритетот 1 САД долар= 56.37 денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП