11 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПопоски-Линхарт: Одлични македонско-австриски односи на политички и економски план

Попоски-Линхарт: Одлични македонско-австриски односи на политички и економски план

poposki-ss

Генералниот секретар на сојузното министерство за Европа, интеграција и надворешни работи на Австрија, Михаел Линхарт во средата оствари посета на Македонија, во чии рамки се сретна со Заменик претседателот на владата и министер за надворешни работи, Никола Попоски и државниот секретар Елена Кузмановска.

На средбите се разговараше за одличните македонско-австриски односи и соработка, европската интеграција на Република Македонија, мигрантско-бегалската криза како и за приоритетите на претстојното претседавање на Австрија со ОБСЕ.

Соговорниците заеднички констатираа дека македонско-австриските односи одлично се развиваат, како на политички, така и на економски план. Генералниот секретар Линхарт и во оваа прилика ја реафирмираше цврстата поддршка од Австрија на европската перспектива на Република Македонија. Тој воедно упати признание за успешното справување на земјата со мигрантско-бегалската криза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП