19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕлектронската Шенген виза ќе чини 5 евра

Електронската Шенген виза ќе чини 5 евра

schengen-visa-document333

Европската комисија, во среда предложи воспоставување на европски систем за одобрување на патување и граѓаните постари од 18 години од земјите надвор од Европската унија на кои не им треба виза за патувањата во Шенген зоната ќе плаќаат „влезница“ од пет евра.

Целта за воведување на Системот ЕУ за информации и одобрување на патувањето (ETIAS) е зајакнување на безбедносните проверки на луѓето кои без виза патуваат во Шенген зоната, образложи Европската комисија.

Системот ETIAS ќе прибира информации за сите кои без виза ќе патуваат во ЕУ, што ќе придонесе за поефикасно управување со надворешните граници на ЕУ и ќе ја унапреди внатрешната безбедност, а истовремено ќе ги забрза легалните патувања во Шенген зоната.

Според Комисијата, во случаите каде не постојат елементи кои укажуваат на потреба од понатамошни проверки, „онлајн“ дозволата за патување во Шенген зоната ќе се издава автоматски, неколку минути по пополнување на барањата.

Пополнувањето на барање нема да трае подолго од десет минути, а од документи е потребен само пасош.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП