5 мај, 2025
ПочетнаКАРИЕРАДали некој манипулира со вас?

Дали некој манипулира со вас?

business_marionette_shutterstock_125190191-650x455

Обрнете им внимание на овие три знаци…

Кои се причините и потребите на луѓето да се занимаваат со манипулирање, тоа е веќе посебна тема и може да досегне длабоко во психата. Сепак, факт е дека такви лица постојат, а доколку се доволно вешти, можат да го прават тоа без вие да забележите.

Прочитајте кои се тие три знаци кои покажуваат дека станува збор за манипулација.

1. Манипулирале и претходно

Дали некогаш сте ја фатиле таа личност да манипулира или да ја извртува вистината во комуникацијата со други лица? Дали таа личност има често негативен став за многу работи? Дали таа личност трачари и озборува? Ова се само некои од основните прашања кои би требало да си ги поставите самите на себе.

Би требало да знаете дека манипулаторите се индивидуалисти. Тие често мислат дека се попаметни и подобри од другите и поради тоа имаат потреба да се издигнат себе си. Ако забележите дека во разговорот со такво лице постојано доаѓа во прашање нечија способност, интелигенција или карактер, знајте дека се големи шансите дека таквиот манипулатор нешто такво ќе ви направи и на вас зад грб.

2. Брзи се на зборови

Манипулаторот ќе се обиде на најбрз можен начин да влијае на вашите емоции и тоа со помош на ласкање, слатки зборови и лажен интерес за вас. На тој начин тие градат доверба и градат врски.

Еден од полесните начини да откриете манипулатор е да ги прочитате знаците кои откриваат дека таа личност станува загрижена единствено ако некој или нешто влијае на остварувањето на нејзините цели. Тогаш тие тешко се контролираат.

Следниот пат кога на пријателот, колегата или партнерот, за кој се сомневате дека е манипулатор, ќе му предложите нешто поинаку, следете ја неговата реакција. Вистинските манипулатори, ако нешто не им одговара или ако се подложени на критика реагираат нагло и силно.

3. Играат со вашите емоции

Емоционалното, духовното или психичкото заведување се најсилното оружје на манипулаторот. Тие играат со вашите емоции кои, на крјаот, им одат само на нив во корист. Околу себе ги собираат лицата кои можат да ги контролираат, без оглед дали преку романтична врска, блиско пријателство или деловно партнерство.

Таквите лица ќе ви кажат се што сакате да слушнете, а за другите кои им стојат на патот кон целта ќе зборуваат лукави и негативни работи со кои и вие ќе се сложите, а на крајот, нема да знаете зошто. Нивната единствена цел е сите да се прилагодат на нивните потреби.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП