18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУНИЦЕФ го објави првото портфолио на инвестиции во технолошки решенија со отворен...

УНИЦЕФ го објави првото портфолио на инвестиции во технолошки решенија со отворен код

unicef333

УНИЦЕФ во среда го објави своето прво портфолио на инвестиции во технолошки решенија со отворен код, меѓу кои и алатки што ги подобруваат поврзаноста, собирањето податоци во реално време, технологијата за идентитет и учењето.

Фондот за иновации на УНИЦЕФ применува пристап на почетен капитал кон изворни решенија за прашања како што се транспорт, идентитет, технологија за носење, финансии и лични податоци. Покрај најавата на првите инвестиции, УНИЦЕФ го отвори и следниот круг за апликации од технолошки стартапи.

„Фондот за иновации на УНИЦЕФ е нов начин на водење бизнис во ОН; комбинирање на пристапот на вложување средства на Силиконската долина, со потребите на земјите во програмата на УНИЦЕФ“, изјави Синтија МекКефри, директор на Канцеларијата за иновации на УНИЦЕФ.

„Со помош на 190-те канцеларии и 12.000-те вработени на УНИЦЕФ, Фондот ќе ни помогне да ги пронајдеме и да ги поддржиме компаниите кои може да се превидат со традиционалните инструменти на инвестирање“, додаде МекКефри. „Фондот ни овозможува да направиме прототип на технолошки решенија, како и да ги прошириме нашите мрежи на соработници што работат софтвер со отворен код, со цел да се подобри животот на децата.“

Фондот за иновации на УНИЦЕФ ги повикува технолошките стартапи да аплицираат за инвестиции и да станат дел од ова растечко портфолио на решенија со отворен код.

Следниот круг на апликации за инвестиции од Фондот е веќе започнат. Информации за тоа кој може да аплицира и како да се достави писмо за намери се достапни на www.unicefinnovationfund.org. Крајниот рок за аплицирање е 1 јануари 2017 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП