20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрадежните компании повторно „изѕидаа“ солидни профити

Градежните компании повторно „изѕидаа“ солидни профити

gr

Градежништвото останува главниот столб на кој се потпира вкупниот економски раст, во вториот квартал пораснало за 31%. Сето тоа резултира и со зголемени приходи и профити на најголем дел од градежните компании и на производителите на материјали.

Големата „тројка“ со позитивни финансиски резултати

Големата градежна „тројка“ прокнижила добри резултати во првите три квартали од годинава, покажуваат финансиските извештаи објавени на Македонската берза.

Бетон АД Скопје имал оперативни приходи од 26 милиони и 668 илјади евра што е за 13% помалку во однос на истиот период лани. Оперативните расходи биле намалени за 20% и изнесувале 25 милиони и 713 илјади евра. Со тоа компанијата имала вкупен профит од 963 илјади евра што е за 4% повеќе од лани.

Бетон АД Штип ги зголемил оперативните приходи за 20% со што тие достигнале 9 милиони и 344 илјади евра. Истовремено оперативните расходи пораснале за 35% и достигнале 8 милиони и 777 илјади евра. Тоа резултирало со помал профит за 25% кој изнесувал нешто над 481 илјади евра.

Оперативните приходи на ГД Гранит АД Скопје биле поголеми за 14% и достигнале 50 милиони евра. Расходите биле зголемени за 12% и достигнале 47 милиони евра. Со тоа компанијата го зголемила профитот за 3% кој надминал 3 милиони евра.

Производителите на материјали со одлични резултати

Финансиските извештаи објавени на берзата покажуваат дека и на производителите на градежни материјали им одело добро.

Цементарница Усје АД Скопје во првите три квартали од годинава во однос на истиот период лани имала поголеми приходи за 7% и тие изнесувале 54 милиони и 109 илјади евра; поголеми расходи за 4% кои биле 36 милиони 873 илјади евра што резултирало со раст на профитот од 19% кој надминал 15 милиони и 609 илјади евра.

Адинг АД Скопје ги зголемил приходите за 10% и тие достигнале 4 милиони и 438 илјади евра, расходите пораснале за 16% до сума од 4 милиони и 143 илјади евра, а заработката била помала за 6% и изнесувала 352 илјади евра.

Од јануари до септември Фабрика Карпош АД Скопје имала фантастичен раст на приходите од дури 239% кои изнесувале 8 милиони и 257 илјади евра. Профитот пораснал за 92% и изнесувал 883 илјади евра.

Мермерен комбинат АД Прилеп имал помали приходи за 10% кои изнесувале 10 милиони и 831 илјади евра, а профитот бил помал за 51% односно бил 2 милиони и 117 илјади евра.

Градежништвото и натаму го „ѕида“ економскиот раст

Добрите финансиски резултати на компаниите од секторот не се изненадувачки ако се земат предвид и податоците од Државниот завод за статистика кои покажуваат дека градежништвото останува главниот столб на кој се потпира вкупниот економски раст.

Во вториот квартал од годинава растот на БДП беше 2.2%, а најголемо учество има токму градежништвото кое се зголемило за 31%.

К. Н.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП