17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИрска значително го намали буџетскиот дефицит во 2012 година

Ирска значително го намали буџетскиот дефицит во 2012 година

irska-dablin

Ирска минатата година го намали буџетскиот дефицит на 7,6 бруто домашен производ (БДП) со 13,4 отсто од 2011 година, покажуваат денеска објавените податоци на ирскиот завод за статистика.

Со тоа буџетскиот дефицит се приближи на овогодишната цел на дефицитот од 7,5 отсто од БДП.

Меѓутоа, од друга страна, ирскиот јавен долг се зголеми на 117,6 отсто од БДП во 2012 од 106,4 отсто од 2011 година, покажуваат податоците.

Земјите од ЕУ би требало да имаат дефицит што не е над три отсто БДП.

Ирска кон крајот на 2010 година од ЕУ, ММФ и ЕЦБ доби пакет од 85 милијарди евра, што беше проследен со слични мерки за штедење какви што се наметнати на Грција. 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП