30 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНова дефиниција за луксуз: Mercedes-Maybach S650 Cabrio (фото+видео)

Нова дефиниција за луксуз: Mercedes-Maybach S650 Cabrio (фото+видео)

mmaybach-01

Новиот суперлуксузен „Mercedes-Maybach S 650 Cabriolet“ беше претставен официјално на автомобилскиот саем во Лос Анџелес, но со доста повисока цена дури од шокантните првичните прогнози.

mkk

Се очекуваше моделот кој се произведува во ограничена серија од 300 примероци, да чини од околу 250.000 евра. Наместо тоа стартната цена е 280.000 евра – целосно споредлива со онаа на „Rolls Royce Dawn“. Со храбро користење на списокот со дополнителни опции, цената може да надмине и 350.000 евра.

Mercedes-Maybach S 650 Cabriolet

Автомобилот е базиран на „Mercedes-AMG S65 Cabriolet“ и го користи истиот мотор, 6-литарски V12 со максимална моќност од 621 коњски сили. Забрзувањето од 0 до 100 км/ч трае 4,1 секунди.

mmaybach-03

Многу компоненти сепак се единствени за „Maybach“ верзијата, вклучувајќи и специјално развиени 20-инчни тркала.

mmaybach-05

Внатрешноста според креаторите е инспирирана од луксузните јахти и исто така во голема мера се изработуваат рачно. Достапни се 9 целосно нови комбинации на бои за него. Секој купувач добива и рачно потпишан сертификат за квалитет од главниот извршен директор на „Daimler“, Дитер Цетче.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП