26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУблажен падот на руската економија во третиот квартал

Ублажен падот на руската економија во третиот квартал

ekonomija-600x400

Руската економија во третиот овогодишен квартал опадна, но станува збор за најниската стапка на пад од почетокот на минатата година кога економијата на таа земја тргна во надолен правец.

Бруто домашниот производ (БДП) на Русија во третиот квартал опаднал за 0,4 проценти на годишно ниво, по падот од 0,6 проценти од претходните три месеци, соопшти руската федерална статистичка служба, а пренесува агенцијата Блумберг.

Руското министерство за економија предвидуваше пад од 0,4 проценти.

Русија постепено излегува од најдолгата криза под раководство на претседателот Владимир Путин откако цените на нафтата се стабилизираа.

Најновиот предизвик сега, како што оценува Блумберг, е избегнувањето на периодот на стагнација, бидејќи гувернерката на централната банка Елвира Набиулина предупреди дека економијата нема да оствари раст поголем од 2,0 проценти без имплементација на структурни реформи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП