ПочетнаЕКОНОМИЈАГрчки земјотрес го стресе југот на Македонија

Грчки земјотрес го стресе југот на Македонија

zemjotres

Земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихтер, што се случил на територија на соседна Грција, почувствуван е и во јужните делови од Македонија.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, на 16.11.2016 год., регистрира земјотрес чиj епицентар се наоѓа во соседна Р. Грција.

„Овој земјотрес се случи во 10 часот и 15 минути со Рихтерова локална магнитуда 4.1. Истиот беше почувствуван во југоисточните делови на Македонија со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала“, се вели во соопштението од Сеизмолошката опсерваторија.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП