8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПроизводителите на млеко и свинско месо во ЕУ ќе добијат од слободната...

Производителите на млеко и свинско месо во ЕУ ќе добијат од слободната трговија

milkpork3

Европските производители на млечни производи и свинско месо ќе имаат големи бенифиции од договорите за слободна трговија кои Европската унија (ЕУ) ги склучува со различни земји. Ова го покажува студија за влијанието на идните трговски договори врз земјоделскиот сектор, соопшти Европската комисија.

Се очекуваат значителни добивки за млечните фарми и свинското месо од ЕУ – две гранки кои се соочуваат со тешкотии во последниве години и кои веќе покажуваат знаци на закрепнување. Од друга страна, производството на говедско месо и ориз е ранливо поради последиците од трговијата и падот на цените.

Степенот на влијание за овие производи се разликува во зависност од приемот во анализата.

Авторите тврдат дека пристапот на ЕУ за ограничување на либерализацијата на увозот на чувствителни агропродукти во сите трговски преговори е правилен.

При неодамна постигнатиот договор со Канада (CETA), ЕУ ќе укине 92,2% од земјоделските царини при влегувањето во сила на договорот (а процентот ќе достигне 93,8% по 7 години).

Трговските квоти за говедско месо во рамките на „CETA“ изнесуваат 45.838 тони и ќе стапи во акција во следните 5 години – тоа е еквивалентно на околу 0,6% од вкупната потрошувачка во ЕУ.

Друг пример е оризот: со трговскиот договор со Виетнам во ЕУ само делумно ќе се либерализира увозот на ориз. Тарифните квоти за ориз претставуваат околу 8% од вкупниот увоз на ЕУ. Две третини од нив ќе бидат за ориз, кој не се произведува во рамките на ЕУ или кој ќе биде дополнително обработен во оризовата индустрија на Заедницата.

Студијата за влијанието на 12-те идни трговски договори беше претставено од страна на Европската комисија на земјоделските министри на ЕУ.

Оценката се фокусира само на последиците предизвикани од реципрочната либерализација на царините, без да се земат предвид другите одредби со економско влијание (на пример ублажувањето на нетарифните мерки – санитарни и фитосанитарните).

Извозот на земјоделски производи од ЕУ обезбедува директно 1,4 милиони работни места.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП