23 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЧетири градови добија нови координатори на бизнис клубовите

Четири градови добија нови координатори на бизнис клубовите

457994893

Во рамките на проектот “Состојбата на жените во претприемништвото во Република Македонија”, здружението на бизнис жени (ЗБЖ/ABW), кое е финансирано преку програмата Цивика мобилитас, во периодот јуни-ноември успешно го заврши истражувањето кое беше спроведено со цел да се дознае каква е состојбата со жените во претпиемништвото во Република Македонија.

Здружението оди еден чекор понапред, овозможувајќи одржливост на целата идеа за поддршка на жените со сопствен бизнис, преку промовирање на претставнички, избрани преку квалитативното истражување, како focal points во градовите каде што беше спроведено истражувањето, односно координатори на бизнис клубови и организации на жени претприемнички, во Велес, Битола, Кичево и Куманово.

Новите координатори на бизнис клубовите се:
– Мирјана Трајкова, Велес
– Јасмина Антиќ Атанасовска, Битола
– Лилјана Јоноски, Кичево
– Соња Зафировиќ, Куманово

Здружението на бизнис жени во соработка со новите координаторки ќе ги споделува сите информации потребни за поддршка, јакнење и промоција на жените во бизнисот, ќе ја пренесува идејата на поширок круг, ќе влијае на менталитетот, ќе развива членството и секако редовно ќе поттикнува на вмрежување на национално и регионално ниво.

Тие се надеваат дека овој модел, постепено во иднина ќе биде воспоставен и во другите градови во РМ, бидејќи тоа ќе овозможи поголема вклученост на целната група, како и на останатите социјални партери (локални организации, локални самоуправи…), и секако подигнување на свесноста за потребата од подобрување на условите за женско претприемништво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП