20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНеработни денови за 2017 година

Неработни денови за 2017 година

kal

Министерството за труд и социјална политика согласно Законот за празниците на Република Македонија ја објави листата на неработни денови за 2017 година:

За сите граѓани на РМ

• 01 јануари (недела), Нова Година, односно 02 јануари (понеделник) е неработен ден

• 07 јануари (сабота), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар

• 17 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар

• 01 мај (понеделник), Ден на трудот,

• 24 мај (среда) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители

• 25 јуни (недела), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, односно 26 јуни (понеделник) е неработен ден

• 02 август (среда), Ден на Републиката

• 8 септември (петок), Ден на независноста

• 11 октомври (среда), Ден на народното востание,

• 23 октомври (понеделник), Ден на Македонската Револуционерна Борба,

• 8 декември (петок), “Св. Климент Охридски”

За граѓаните од православна вероисповед

• 06 јануари (петок), Бадник, ден пред Божик

• 19 јануари (четврток), Богојавление (Водици)

• 14 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден

• 02 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден

• 28 август (понеделник), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)

За граѓаните од католичка вероисповед

• 17 Април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден

• 01 ноември (среда), Празникот на сите светци

• 25 декември (понеделник), првиот ден на Божик

За граѓаните од муслиманска вероисповед

• 01 септември (петок), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

• 22 ноември (среда), Ден на Албанската азбука

За граѓаните припадници на српската заедница во РМ

• 27 јануари (петок), Свети Сава

За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ

• 08 април (сабота), Меѓународен ден на Ромите

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ

• 23 мај (вторник), Национален ден на Власите

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

• 30 септември (сабота), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

• 28 септември (четврток), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

• 21 декември (четврток), Ден на настава на турски јазик

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП