18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГолем скок во САД, Американците ги празнат паричниците

Голем скок во САД, Американците ги празнат паричниците

maloprodazba-sad

Малопродажбата во САД е зголемена минатиот месец со што влегува во добри основи за зимската празнична сезона за купување.

Министерството за трговија на САД соопшти дека малопродажбата во октомври е зголемена за 0,8 проценти, по порастот од еден процент во септември, со што во последните два месеци е забележан најголемиот раст од пролетта 2014 година.

Постојаното зголемување на бројот на вработените и назнаките за солидно зголемување на заработката придонесоа за растот на оптимизмот кај потрошувачите кои сега се подготвени да трошат.

Невработеноста минатиот месец опадна на 4,9 проценти, додека вработените во октомври имале најголемо зголемување на заработката од крајот на рецесијата.

Најголемо зголемување во малопродажбата е забележано во автоиндустријата, како и во продажбата на гас. Без овие две категории, малопродажбата е зголемена за и понатака солидни 0,6 проценти во октомври и 0,5 проценти во септември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП