27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОбама е најплатениот светски лидер

Обама е најплатениот светски лидер

obamce-353

Американскиот претседател Барак Обама ја предводи листата на најплатените светски политичари, изготвена од францускиот весник „Les Echos“, заедно со „Statista“.

Во позадина на барањата на новоизбраниот домаќин на Белата куќа, Доналд Трамп да се откаже од платата, францускиот весник одлучил да спореди какви плати добиваат светските лидери.

Годишното плата на Обама достигнува 400.000 долари. Второ место го зазема канадскиот премиер Џастин Тродо со плата од 260.000 долари годишно. Во Топ 3 спаѓа и германската канцеларка Ангела Меркел, која заработува 234.000 долари.

Претседателот на Јужна Африка Џејкоб Зума добива 233.000 долари годишно и е рангиран на четвртото место, а британскиот премиер Тереза Меј е петта со 215.000 долари.

На шесто место е јапонскиот премиер Шинзо Абе, чија плата достигнува 213.000 долари. По него на листата се наоѓа турскиот претседател Реџеп Ердоган со 197.000 долари.

Францускиот претседател Франсоа Оланд е осми со годишен приход од 194.000 долари, а на деветтото место е рускиот претседател Владимир Путин со 136.000 долари. На последното место во топ 10 е италијанскиот премиер Матео Ренци чија плата е во износ од 125.000 долари годишно.

plats-0

Во интервју за телевизискиот канал „CBS“ новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп објави дека се откажува од платата која му следува за функцијата. Тој изјави дека за да ги извршува функциите на шеф на државата, се согласува да добива еден долар годишно.

Републиканецот призна дека не знае колку пари добива претседателот на САД.

Според податоците на списанието „Forbes“ од септември богатството на Доналд Трамп се проценува на 3,7 милијарди долари. Во споредба со минатата година богатството на републиканецот се „стопи“ за 800 милиони долари.

Трамп не е првиот американски претседател, кој се откажува од својата плата. Пред него од платата се лишиле и претседателите Џон Кенеди и Херберт Хувер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП