19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмерика – една земја, две економии

Америка – една земја, две економии

poorrich1

Водечките економисти од „NFIB“ неодамна објавија презентација во која тврдат дека податоците од реалната економија и од американската берза се сосема различни.

Економистите на Националната федерација за независни бизниси, во презентацијата насловена „Една земја, две економии”, објаснуваат дека на берзата се претставени големите корпорации кои евтино позајмуваат и профитираат од работењето на пазарите каде што плаќаат евтини даноци, пренесуваат странските медиуми.

Од друга страна, во реалната економија малите бизниси не можат да заработуваат на овој начин, со што, иако се најголемите работодавци во Америка, сепак се ставени во многу лоша позиција.

Оттука светлата слика на берзата не ја покажува реалната состојба на американскиот бизнис.

И затоа, иако сме преплавени со податоци за закрепнувањето на американската економија, стапката на невработеност во земјата и понатаму е многу висока според нивните стандарди, а заработката во малите компании се намалува или стагнира. Нови вработувања во малите бизниси сеуште не се забележани. Тоа не е чудно бидејќи малите компании не се во можност да позајмуваат, особено не евтино, а со самото тоа се оневозможени да инвестираат и во ширењето на производството.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП