Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 10,731.73 1.71%    BESK 8,200.00 0.13%    GECK 500.00 0%    GECT 500.00 0%    GRNT 949.73 -0.03%    KMB 5,585.97 -0.2%    MPT 67,188.50 1.05%    MTUR 5,305.51 0.1%    OKTA 4,504.00 -0.11%    STB 1,200.00 0%    STIL 100.00 0%    TEL 300.00 0%    TKVS 5,350.00 0.94%    TNB 16,816.26 0.09%    

Во Македонија зголемен бројот на склучените бракови, но како да се спасат

Време: 09:00

Датум: ноември 16, 2016

Категорија: ЕКОНОМИЈА

maxresdefault_6

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на склучените бракови во текот на минатата 2015 година, во споредба со претходната 2014 година, е зголемен за 2,7 отсто и изнесувал 14.186 склучени бракови, а лани е забележено и незначително но сепак намалување на бројот на разводите.

Најмногу бракови, 1 844 или 13,0 отсто, се склучени во август, а најмалку – 702 или 4,9 отсто во март.

Најчесто е стапувањето во прв брак со учество од 92,6 проценти за жените и 91,2 отсто за мажите. Во втор брак, со учество од 8,1 отсто и во трет брак, со учество 0,7 проценти, во вкупниот број склучени бракови, почесто стапуваат мажите.

Просечната возраст при склучување прв брак е 26,2 години за невестата и 29,0 години за младоженецот.

Бројот на разводите во 2015 година бележи намалување од 0,5 отсто во споредба со 2014 година и изнесува 2 200 разведени бракови.

Најмалку бракови, 74 или 3,4 отсто во текот на годината се разведени во август, а најмногу, 205 или 10,5 отсто, во декември.

Според траењето на бракот, најголем број разводи – 498, се случиле од пет до девет години по склучувањето на бракот.

Стапката на нупцијалитет, го покажува соодносот меѓу бројот на склучените бракови во текот на една година и бројот на населението на средината на истата година пресметана на 1.000 население, за 2015 година изнесува 6,9 склучени бракови на илјада жители.,

Стапката на диворцијалитет, која го покажува соодносот меѓу бројот на разведените бракови во текот на една година и бројот на населението на средината на истата година пресметана на 1.000 население, исто така, за минатата 2015-та),изнесува 1,1 разведени бракови на илјада жители.

Разводите, секако доведуваат и до социјални и до психички проблеми, па затоа современите општества многу внимание му посветуваат на проблемите и разликите кои водат кон престанок на бракот, особено поради рефлектирањето врз поколенијата.

Како една од можностите да спасите нешто што навидум не може да се спаси, да инервенирате и да ги разрешите постоечките проблеми кои настануваат во текот на бракот, но секако и во секоја друга област од живеењето, на пример, подобрување на односите внатре во поширокото семејство, комуникацијата со пријателите, стресот на работа со колегите, може да одберете да добиете совет или терапија од еден од посточките методи кој постои и во нашата земја.

Станува збор за Семејната системска психотерапија (ССП) која од со неофицијален разговор со еден од едукантите во школата која егзистира и кај нас, како и ширум светот, може во голема мера да донесе до значителни резултати во таа насока.

Почетоците на семејната психотерапија датираат одамна, а вистинскиот почеток на овој правец, како посебен психотераписки правец е во 50-те година на минатиот век. Како предвесник на овој правец постоела потребата од зголемување на едукантите кои би добиле соодветна едукација во областа на брачното советување.

Пионерите на овој пристап го забележале значењето на стабилноста и односите внатре во семејството за влошување или решавање на симптомите кај децата со кои работеле. Тоа го означило пресвртот од индивидуално интрапсихичкиот пристап кон интерперсоналниот, од поединецот кон поширокиот контекст, на пример семејството и менувањето на фокусот од болната единка кон болно семејство, или пореметените односи внатре во семејството.

Хејли, еден од приврзаниците на ова учење наведува три етапи во развојот на теоретскиот пристап на семејната терапија: Првата етапа е до 1957 година кога се сметало дека симптомите на поединецот го опфаќаат само него и можат да се решаваат само во контекст на индивидуална психотерапија.
Втората етапа започнува по 1957-та, кога терапевтите го насочуваат своето внимание кон промена на начинот на комуникација меѓу поединците и другите луѓе најмногу под дејство на теоријата на учење и теоријата на комуникација.

Третата етапа започнува по седумдесетите години, кога се усвојуваат идеите во однос на промената на редот во организацијата во семејството, а следствено на тоа доаѓа до промена на идеите, чувствата и начините на комуникација меѓу учесниците.

За секоја семејна терапија карактеристична е ориентираноста на интерперсоналните, односно внатрешните процеси кои се случуваат меѓу членовите на семејството, каде можат и препорачливо е , но и не мора да бидат заедно присутни на терапијата, при што се идентификуваат подрачјата на конфликти кои ги продлабочуваат нивните проблеми. Во тој процес се расчистуваат недоразбирањата, се надминуваат бариерите во комуникацијата, се неутрализираат подрачјата во кои постојат предрасуди, непријателство, обвинување и страв.

Означениот поединец како болен од семејството или од некој друг, кој за сите се јавува како носител на проблемот, а во таа насока и причина за интервенција има сосема поинакво значење во ССП.

Од позиција на Семејната системска психотерапија, „болниот“ е целото семејство, па оттаму и потребата тоа да се третира како една целина за добивање на најсоодветни резултати.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Према преговорите со Пекинг, Трамп иззема од царина повеќе од 400 видови кинески производи

    Према преговорите со Пекинг, Трамп иззема од царина повеќе од 400 видови кинески производи

    Соединетите американски држави привремено исклучуваат повеќе од 400 видови кинески производи од царина кои администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги воведе минатата година, потврди…

  • Презентиран новиот закон за данок на моторни возила

    Презентиран новиот закон за данок на моторни возила

    За да се смени состојбата со возниот парк во земјава, а во насока на намалување на загаденоста на воздухот и заштита на животната средина, Царинската…

  • Трамп се состана со Закерберг, во Конгресот остри спрема Facebook

    Трамп се состана со Закерберг, во Конгресот остри спрема Facebook

    Извршниот директор на Facebook, Марк Закерберг, се состана со американскиот претседател Доналд Трамп, откако заменици на американскиот Конгрес остро го испрашуваа за неуспесите на социјалната…

  • Лагард: Tензиите во трговските односи го загрозуваат глобалниот раст

    Лагард: Tензиите во трговските односи го загрозуваат глобалниот раст

    Директорката на Меѓународниот монетарен фонд (MMF) во заминување, Кристин Лагард, го оцени глобалниот раст како „кревок“ и „ранлив“, како резултат на тензиите во трговските односи.…

  • Норвежани и Британци го градат најголемиот ветропарк во море

    Норвежани и Британци го градат најголемиот ветропарк во море

    Норвешката компанија Equinor и британска SSE Renewables заеднички ќе градат и експлоатираат најголем ветропарк во морето на брегот на Велика Британија. Таа инвестиција e вредна…

  • Просечната плата во јули 25.104 денари

    Просечната плата во јули 25.104 денари

    Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јули 2019 година, изнесува 25.104 денари и според објавените податоци на Државниот завод за статистика бележи раст од…

  • Низ светот се одржуваат големи климатски протести, ќе се протестира и кај нас

    Низ светот се одржуваат големи климатски протести, ќе се протестира и кај нас

    Глобален протест против климатските промени за денеска е најавен во 139 земји и се очекува ова да биде најмасовниот во историјата на климатските протести. Станува…

  • Северна Македонија ќе ги зајакне јавните финансии и ќе ја подобри конкурентноста со поддршка од Светска банка

    Северна Македонија ќе ги зајакне јавните финансии и ќе ја подобри конкурентноста со поддршка од Светска банка

    Северна Македонија ќе ја зајакне одржливоста на јавните финансии, ќе ја подобри конкурентноста на пазарот и ќе го намали регулаторното оптоварување со цел продлабочување на…

  • Блумберг: Бил Гејтс заработи 16 милијарди долари оваа година

    Блумберг: Бил Гејтс заработи 16 милијарди долари оваа година

    Иако оваа година донираше над 35 милијарди во добротворни цели, Бил Гејтс заработи 16 милијарди од почетокот на 2019 година и стана „тежок“ 106 милијарди…

  • Ангеловска: MojДДВ не е „играње со технологијата“ – да не е технологијата нема ниту да одиме напред, ниту да ги задржиме младите тука

    Ангеловска: MojДДВ не е „играње со технологијата“ – да не е технологијата нема ниту да одиме напред, ниту да ги задржиме младите тука

    Да не се технологиите нема да има ниту фискална транспарентност, ниту следење на јавниот долг, ниту фискална дисциплина, ниту младите ќе ги задржиме во земјата,…