4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтручен форум „Сеизмичка отпорност на градбите“

Стручен форум „Сеизмичка отпорност на градбите“

gradeznistvohy6h5y56y

Стручен форум на тема „Сеизмичка отпорност на градбите“ ќе се одржи денес во Скопје.

Форумот е во организација на Градежниот факултет од Скопје, Заводот за испитување на материјали и развој на нови технологии „Скопје“ АД Скопје (ЗИМ), Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) и Цементарница УСЈЕ АД Скопје – Групација ТИТАН.

Целта на Форумот е преку отворање дискусија помеѓу релевантната стручна јавност да се даде придонес и да се зголеми свеста во општеството за значењето на сеизмички отпорната градба во модерниот урбан начин на живот, а во стручната јавност да се отвори дискусија која дополнително ќе ги подигне стандардите и квалитетот и ќе одговори на потребите на модерното живеење.

На Форумот ќе бидат донесени заклучоци за исполнување на основните предуслови за квалитетна градба и сеизмичката отпорност на градбите во Република Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП