22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВозбудлив трговски ден на Македонска берза

Возбудлив трговски ден на Македонска берза

македонска-берза

Вторникот беше уште еден трговски ден во знакот на зголемен обем на тргување и раст на цените. Конечниот биланс е дека се тргуваше со 25 хартии од вредност од кои 15 ја зголемија вредноста, осум ја намалија а само две хартии останаа без промена на цената.

Најголем поединечен раст имаа акциите на ЗК Пелагонија (+17,65%), Јака 80 (+10%), Уни банка (+9,98%), Стопанска банка АД Скоје (+7,63%), Стопанска банка АД Битола (+5,35%), Топлификација (+3,33%).

Според остварениот промет најтргувани беа акциите на Алкалоид (3,9 милиони денари), Комерцијална банка (3,1 милиони), Макпетрол (1,4 милиони) и Гранит (1 милион). Со акција на Скопски пазар исто така имаше зголемен обем на тргување при што преку две блок трансакции беа истргувани 450 лотови, додека во класичното тргување се истргува само една акција по цена од 12.912,00 денари.

На официјалната страна на Македонска берза денес имаше објава од страна на Стопанска банка АД Скопје за закажано акционерско собрание на 15.12.2016 година при што една од точките е предлог одлука за исплата на дивиденда за обичните акции во бруто износ од 159 денари.

МБИ10 вчера забележа раст на вредноста од 0,65 отсто додека ОМБ порасна за 0,30 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП