ЕКОНОМИЈА

АМСМ: Времен прекин на сообраќајот на делницата Бошков мост-Косоврасти

mavrovo-debar-2-696x385

На патниот правец Маврово – Дебар Р-1202 (Бошков мост – Косоврасти) поради асфалтирање на патот, денес, во периодот од 12.00 до 16.00 часот сообраќајот ќе биде во прекин, а во зависност од потребите ќе бидат пропуштани само приоритетните возила (брза помош,противпожарна и полиција).

Сообраќајот низ државата на останатите патни правци се одвива без забрани, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Од Авто мото сојузот на Македонија (АМСМ) со предупредување до возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената сообраќајна сигнализација.

Од 15-ти ноември на сила ќе стапи законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2017 година.