23 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМиновски најави зголемување од пет отсто на ноемвриските пензии

Миновски најави зголемување од пет отсто на ноемвриските пензии

penzii-minovski32

Ноемвриските пензии кои пензионерите ќе ги добијат во декември ќе бидат зголемени за пет отсто, потврди во вторник министерот за финансии, Кирил Миноски, кој за време на посетата на Прилеп оствари среба со претставници на Здружението на пензионери од овој град.

Миноски рече дека овој чекор на Владата ќе придонесе за подобрување на животниот стандард.

„Ние како Влада се грижиме за подобрувањето на стандардот на граѓаните, особено на стандардот на пензионерите. И во наредниот временски период и во следната владина програма предвидуваме определени мерки кои ќе имаат за цел да го подобрат животниот стандрад на пензионерите и да им се обезбедат низа поволности со што ќе овозможиме подолг животен век на оваа популација“, истакна Миноски.

Инаку министерот Миноски, освен средба со пензионерите од Прилеп оствари неколку посети и на неколку поголеми извозно ориентирани компании во градот.

Тој истакна дека со бизнисмените поразговарале околу тековното работење на фирмите, но било дискутирано и за соработката на приватниот сектор и државните институции и за пронаоѓањето на методи и начини како да се унапреди таа соработка во разумен временски период. Исто така било биле предложени повеќе сугестии кои владините институции требало да ги земат во предвид, со цел да се поттикне инвестирањето и креирањето на нови работни места.

„Во средбите со најголем дел од стопанствениците се искажаа позитивни ставови во однос на соработката која тие ја имаат со Министерството за финансии и институциите кои влегуваат во состав на ова министертство како што се УЈП и царинската управа. Стопанствениците истакнаа дека се задоволни пред се од пристапот кој настојуваме да го применуваме заедно со УЈП за т.н. доброволна даночна усогласеност чија основан цел е државата и приватниот сектор да бидат партнери затоа што секогаш истакнувам дека основната економска филозофија која ние ја следиме како Влада е политиката на ниски даноци со која најголемиот дел од финансиските средства ги оставаме на приватниот сектор за да тој сектор понатаму ги инвестира во креирање на нови работни места“, додаде Миноски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП