3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШпанската економија ќе се намали за еден до 1,5 проценти

Шпанската економија ќе се намали за еден до 1,5 проценти

shpanija3

Шпанската економија оваа година ќе се намали за еден до 1,5 проценти изјави министерот за економија Луис де Гуиндос во разговор за Вол Стрит Журнал, објавен во понеделник.

Според официјалните податоци, економијата би требало да се намали за 0,5 проценти, но извор од владата овој месец за Ројтерс изјави дека прогнозата би можела да биде изменета и дека падот би можел да достигне еден процент.

Мадрид преговара со Европската комисија за продолжување на рокот за намалување на буџетскиот дефицит во рамки на дозволените граници во Европската унија. Во втората половина од оваа недела во Брисел ќе бидат доставени повеќе детали за трошењето и буџетот.

Шпанската централна банка, Европската комисија и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) очекуваат дека активностите во шпанската економија во оваа година ќе се намалат за околу 1,5 проценти.

Премиерот Мариано Рахој изјави дека очекува дека меѓународните и независни тела ќе ја подобрат таа прогноза без оглед на растот на извозот.

Министерот за економија во разговорот за Вол Стрит Журнал изјави дека очекува благ раст на економијата во 2014 година.

Шпанија во петок ќе објави уште еден пакет од структурните реформи, Аналитичарите очекуваат значителни промени, а Рахој изјави дека ќе го пренасочи фокусот на стимулирање на растот наместо на дополнителните намалувања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП