27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција не памети вакво темпо на раст од 2008 година

Грција не памети вакво темпо на раст од 2008 година

17340168775829db72296ac724722112_w640

Грчката економија во три месеци заклучно со септември тековната година го евидентираше првиот квартален раст од 2014 година, покажаа објавените официјални податоци.

Бруто домашниот проивод (БДП) на Грција во третиот квартал порасна за 0,5 проценти во однос на претходнот квартал и за 1,5 проценти во однос на истиот период минатата година, соопшти грчката статистичка канцеларија Елстат, а пренесува аегцнцијата Франс прес.

Владата во Атина очекува дека БДП на Грција ќе падне за 0,3 проценти во цела 2016 година, за во наредната година да се врати на стазите на растот од 2,7 проценти.

„Грчката економија не искусила слично темпо на раст од првиот квартал од 2008 година“, изјави портпаролот на грчката влада Димитрис Цанакополулос, додавајќи дека официјална Атина смета на ублажување на товарот од долгот, како и на повторен пристап до програмата за квантитативно олабавување од Европската централна банка која подразбира откуп на обврзници.

Освен краткото земање на здив во 2014 година, грчката економија е во константен пад од 2008 година, по што меѓународните кредитори, Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд, и воведоа остри мерки за штедење во замена за исплатата на огромниот пакет помош.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП