21 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАПроветрете ја канцеларијата

Проветрете ја канцеларијата

%d0%ba%d0%b0%d0%bd%d1%86%d0%b5%d0%bb%d0%b0%d1%80%d0%b8%d1%98%d0%b0

Работата во добро проветрена канцеларија ги поттикнува когнитивните способности, покажа студијата на научниците од Харвард.

Вработените на кои канцеларискиот простор им е добро проветрен, подобро мислат, подобро разбираат, паметат и учат, се наведува во студијата. Истражувањето објавено во магазинот „Environmental Health Perspectives“, сугерира дека квалитетот на воздухот има значително големо влијание на донесувањето на одлуките и на квалитетот на работниот учинок.

Научниците од Харвард ги проучуваа работните способности на 24 работници, менаџери, архитекти, дизајнери, програмери, во различно проветрени канцеларии шест дена. Од нив било побарани основни работни задачи, но и одговори за замислени кризни ситуации.

Се покажало дека истите работници имаат за 61 процент подобри резултати кога работат во канцеларии со пониско ниво на загадување. Кога резултатите биле комбинирани со ниско ниво на јаглерод диоксид, испитаниците биле подобри за дури 101 процент.

Д-р. Џозеф Ален од харвардскиот центар за здравје и животна средина вели дека станува збор за подрачје на кое сеуште не му е посветено доволно внимание. „Ние поминуваме 90 проценти од времето во затворени простории, а влијанието на квалитетот на воздухот во нив на работниот учинок често е последната грижа“, вели тој.

Ова истражување е објавено веднаш по истражувањето кое потврди дека билките во канцелариите ја зголемуваат продуктивноста за 15 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП