13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКатастарот подготви нова тригодишна стратегија за национална инфраструктура на просторни податоци

Катастарот подготви нова тригодишна стратегија за национална инфраструктура на просторни податоци

katastar logo 223

Агенција за катастар на недвижности во соработка со Холандскиот катастар подготви нацрт верзија на нова тригодишна стратегија за национална инфраструктура на просторни податоци.

На денешната работилница, во организација на Агенцијата за катастар на недвижности, учествуваат експерти од Холандија, претставници од 18 државни институции и од стопанските комори во државава.

Паола Кјарсон, регионален менаџер на Холандскиот катастар, рече дека презентираат примери за користењето на просторните податоци во Холандија.

„Граѓаните бараат сигурни податоци, а особено во кризни состојби. Сакаме да ги инспирираме корисниците и да им ги покажеме можностите од користењето на геопорталот“, рече Кјарсон.

Според неа, потребна е нова стратегија која ќе биде во согласност со законодавството.

Досегашната Стратегија што македонскиот Катастар ја подготви во 2010 година исто така со помош на Холандскиот катастар беше усвоена од Владата во 2012 година. Врз основа на неа во 2014 година беше донесен Закон за национална инфраструктура на податоци, беа формирани сите тела на националната инфраструктура на податоци, а минатата година е ставен во функција Националниот геопортал.

„Стратешкиот план што беше помогнат од Кралството Холандија беше исполнет 95 проценти. Есенва беше потпишан договор со холандскиот катастар со кој ни се овозможува да направиме нова абдејтирана стратегија на Агенцијата за катастар на недвижности, на 18 државни институции и на двете комори, којашто ќе го трасира патот за исполнување на INSPIRE директивата“, рече директорот на Катастарот Славче Трпески.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП